Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2011 година изнесува 118 341, а бројот на ноќевањата изнесува 629 670.
Бројот на туристите во август 2011 година, во однос на август 2010 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5.9%.
Бројот на домашните туристи во август 2011 година, во однос на август 2010 година, е зголемен за 1.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2011 година, во однос на август 2010 година, е намален за 0.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 50.5%.
Во периодот јануари-август 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.7%, а кај странските има зголемување за 24.5%.
Во периодот јануари-август 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4.3%, а кај странските има зголемување за 36.7%.