Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, април 2012 година

вторник, 12 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2012 година изнесува
40 700, а бројот на ноќевањата изнесува 85 197.
Бројот на туристите во април 2012 година, во однос на април 2011 година, е зголемен за 9.6%, а бројот на
ноќевањата е намален за 2.5%.
Бројот на домашните туристи во април 2012 година, во однос на април 2011 година, е зголемен за 1.6%, а
бројот на странските туристи е зголемен за 14.4%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2012 година, во однос на април 2011 година, е намален
за 9.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.1%.
Во периодот јануари-април 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 4.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.7%, а кај странските има
зголемување за 8.5%.
Во периодот јануари-април 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е намален за 0.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.9%, а кај странските има
зголемување за 2.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика