Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2012 година
изнесува 51 512, а бројот на ноќевањата изнесува 122 498.
Бројот на туристите во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, е зголемен за
4.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8%.
Бројот на домашните туристи во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011 година, е
зголемен за 4.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.2%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2012 година, во однос на октомври 2011
година, е намален за 2.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.2%.
Во периодот јануари- октомври 2012 година, во однос на истиот период од претходната година,
бројот на туристите е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.2%, а кај
странските зголемување за 8.6%.
Во периодот јануари- октомври 2012 година, во однос на истиот период од претходната година,
бројот на ноќевањата е намален за 1.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.2%, а
кај странските зголемување за 7.8%.