Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Морталитетот во Република Македонија, по општини, 2012

вторник, 25 јуни 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е
зголемен за 3.4% во однос на претходната година и изнесува 20 134 умрени лица. Поголем број се од машки
пол и тоа 10 523 или 52.3% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното
учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.1% на 100 умрени лица.


Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски
пол, или за 4.1 година повисока просечна возраст се бележи кај жените.


Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем,
според МКБ-10 (шифра I00-I99) и тоа во 59.2% случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како
причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) и тоа кај 18.3% од случаите, па со 4.2% се застапени
случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболните болести (шифра Е00-Е90), со
3.9% се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) итн.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика