Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Морталитетот во Република Северна Македонија во 2021 година

среда, 15 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец април (3 212).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 35.9 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 20.6 %, неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 13.8 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), со 4.2 % се застапени умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), а потоа следат другите умрени лица, но со помала застапеност.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика