Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Морталитетот во Република Македонија, во 2015
среда, 08 јуни 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е зголемен за 3.8% во однос на претходната година и изнесува 20 461 умренo лицe. Поголем број се од машки пол и тоа 10 562 или 51.6% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 198 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.0% на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број на случаи (2 105) се регистрирани во јануари.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.4 години, односно 75.1 години кај лицата од женски пол, или за 4.7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, (шифра I00-I99) според МКБ-10 и тоа со 58.4% од вкупно умрените, потоа неоплазмите (шифра C00-D48) со 18.3%, случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00- Е90) се застапени со 4.3%, a случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 3.7% од вкупно умрените.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика