Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Морталитетот во Република Македонија, во 2017
четврток, 07 јуни 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е намален за 0.5 % во однос на претходната година и изнесува 20 318 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 10 554 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 201, а нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1.0 % на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 681, се забележани во месец јануари.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 година, односно 75.3 години кај лицата од женски пол или за 4.2 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 55.0 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.3 %, па со 4.8 % се застапени случаите кај кои причина за смртта се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смртта се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.2 % од вкупно умрените лица.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика