Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Морталитет во Република Македонија, по општини, 2011 година

понеделник, 25 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е
зголемен за 1.8% во однос на претходната година и изнесува 19 465 умрени лица. Поголем број се од машки
пол и тоа 10 204 или 52.4% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 172 и нивното
учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.9% на 100 умрени лица.


Просечната возраст на умрените од машки пол изнесува 69.9 години, а 74.4 години на лицата од женски пол
што претставува за 4.5 години повисока просечна возраст на умрените женски лица.


Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем,
според МКБ-10 (шифра I00-I99) и тоа во 59.2% случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како
причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) и тоа во 18.2%, со 3.9% се застапени случаите кај кои
причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), со 3.8% се застапени
случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) итн.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика