Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници и стоки во второто тримесечје од 2016 година

петок, 26 август 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2016 година, во патниот
патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 840 000, во железничкиот превоз 170 000, во
градско-приградскиот превоз 20 633 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз
изнесува 462 878.


Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен
за 8.4%, во градско-приградскиот превоз за 7.9%, во железничкиот превоз за 2.4%, додека во воздухопловниот
превоз зголемувањето изнесува 34,7%.


Во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2015 година, количеството на
превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 67.0%, во воздухопловниот превоз за 0.5%, додека
во железничкиот превоз е забележано намалување за 31.5%.


Во однос на првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
е зголемено за 78.3%, во воздухопловниот превоз е намалено за 21.5%, додека во железничкиот превоз
намалувањето изнесува 33.3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика