+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници и стоки во третото тримесечје од 2016 година

петок, 25 ноември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истото
тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7.9%,
во железничкиот превоз за 46.6%, во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека
бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5.2%.


Во однос на второто тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е
зголемен за 0.9%, во градско-приградскиот превоз е намален за 22.4%, во железничкиот превоз за 2.9%, додека
во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23.3%.


Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, количеството на
превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72.0%, во железничкиот превоз за 3.8%, додека во
воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23.3 %.


Во однос на второто тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
е зголемено за 20.5%, во воздухопловниот превоз за 20.7%, додека во железничкиот превоз зголемувањето
изнесува 44.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика