Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Транспорт и комуникации
Превезени патници и стоки во првото тримесечје од 2017 година
петок, 26 мај 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 1.4%, во градско-приградскиот превоз за 6.9%, во воздухопловниот превоз за 7.1%, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 38.6%. Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5.8%, во градско-приградскиот превоз за 0.5%, во железничкиот превоз за 37.0%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10.5%. Во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 69.6%, во железничкиот превоз е намалено за 18.5%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 30.2 %. Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 24.6%, во железничкиот превоз е намалено за 19.8%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 14.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика