Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници и стоки во четвртото тримесечје од 2017 година

четврток, 01 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3.3%, во градско-приградскиот превоз е намален за 6.7%, во железничкиот превоз за 12.3%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 16.4%.

Во однос на третото тримесечје од 2017 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 9.2%, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 26.7%, во железничкиот превоз за 12.7%, додека во воздухопловниот превоз е намален 29.9%.

Во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13.6%, во железничкиот превоз за 14.3%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 11.8%.

Во однос на третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 24.2%, во железничкиот превоз е зголемено за 19.0%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 7.0%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика