+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници и стоки во третото тримесечје од 2018 година

понеделник, 26 ноември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истото
тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3.8 %, во
градско-приградскиот превоз е намален за 0.6 %, во железничкиот превоз за 1.6 %, додека бројот на превезените
патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 14.1 %.
Во однос на второто тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен
за 0.3 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 20.5 %, во железничкиот превоз за 16.2 %, додека во
воздухопловниот превоз е зголемен за 31.7 %.
Во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената
стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2.2 %, во воздухопловниот превоз за 68.5 %, додека во железничкиот
превоз е зголемено за 20.9 %.
Во однос на второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е
намалено за 16.1 %, во воздухопловниот превоз е зголемено за 67.9 %, додека во железничкиот превоз е намалено
за 9.1 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика