Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена со странство, јануари-октомври 2013
четврток, 05 декември 2013
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2013 година, изнесува 3 475 799 илјади САД долари, а на увозот 5 387 787 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64.5%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2013 година, изнесува 1 911 988 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и рудите на никел и нивните концентрати. Во периодот јануари-октомври 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (72.5%) и земјите од Западен Балкан (18.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62.2%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.7%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Велика Британија и Италија (49.8% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика