Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари ‒ јули 2020 година

понеделник, 07 септември 2020


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 183 040 092 илјади денари и бележи пад од 20.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 250 479 620 илјади денари, што е за 15.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 67 439 529 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 73.1 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 2 968 741 илјада евра и бележи пад од 20.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 062 521 илјада евра, што е за 16.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 1 093 781 илјада евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 3 297 625 илјади САД долари и бележи пад од 21.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 511 999 илјади САД долари, што е за 17.3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 1 214 374 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика