Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66 118 493 илјади денари и бележи пораст од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануарифевруари 2021 година, изнесува 84 377 119 илјади денари што е за 4.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 18 258 626 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2021, изнесува 78.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануарифевруари 2021 година, изнесува 1 072 524 илјади евра, и бележи пораст од 9.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 368 640 илјади евра што е за 4.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 296 116 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1 301 104 илјади САД долари и бележи пораст од 21.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 659 766 илјади САД долари што е за 15.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 358 663 илјади САД долари.