Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 75 047 029 илјади денари и бележи
пораст од 13.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари – февруари 2022 година, изнесува 110 320 659 илјади денари, што е за 30.6 % повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2022 година, изнесува 35 273 630 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2022, изнесува 68.0 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната
енергија, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла
и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и платината и легурите на платина, необработени или
во прав.
Во периодот јануари – февруари 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари
– февруари 2022 година, изнесува 1 216 429 илјади евра и бележи пораст од 13.4 % во однос на истиот период
од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 788 187 илјади евра, што е за
30.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари –
февруари 2022 година, изнесува 571 759 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2022
година, изнесува 1 378 489 илјади САД долари и бележи пораст од 5.9 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 026 965 илјади САД долари, што е за 22.0 %
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари
2022 година, изнесува 648 476 илјади САД долари.