Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – декември 2020 година - дефинитивни податоци

четврток, 28 април 2022


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 356 547 559 илјади денари
и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари – декември 2020 година, изнесува 468 688 576 илјади денари, што е за 9.7 % помалку во споредба со истиот
период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 112 141 017 илјадa денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2020 година, изнесува 76.1 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и
легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали
(освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.
 
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари
– декември 2020 година, изнесува 5 781 084 илјади евра и бележи пад од 10.1 % во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 599 420 илјади евра, што е за 10.0 %
помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември
2020 година, изнесува 1 818 335 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари –декември 2020
година, изнесува 6 636 824 илјади САД долари и бележи пад од 7.8 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 715 109 илјади САД долари, што е за 7.7 %
помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември
2020 година, изнесува 2 078 285 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика