+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – јуни 2022 година

петок, 05 август 2022


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 252 736 573 илјади денари и бележи пораст од 20.3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 368 519 565 илјади денари што е за 28.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 115 782 992 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-јуни 2022, изнесува 68.6%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во периодот јануари-јуни 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари- јуни 2022 година, изнесува 4 097 486 илјади евра, и бележи пораст од 20.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 974 699 илјади евра што е за 28.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 1 877 213 илјади евра. Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 4 476 298 илјади САД долари и бележи пораст од 9.0% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 529 750 илјади САД долари што е за 16.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 2 053 452 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика