Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари - мај 2014

петок, 04 јули 2014


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во периодот јануари - мај 2014 година изнесува 1 946 119 илјади САД долари, а на
увозот 2 976 529 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65.4%. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари - мај 2014 година, изнесува 1 030 410 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на
носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници
за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и
облеката. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или
во прав, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во
облик на прав.


Во периодот јануари - мај 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28
(78.9%) и земјите од Западен Балкан (13.5%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на
ЕУ 28 (64.4%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.1%). Според вкупниот обем на надворешно-
трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и
Италија (52.7% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика