Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 38 290 737 илјади денари и бележи пораст од 13.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2023 година, изнесува 52 331 819 илјади денари, што е за 4.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во јануари 2023 година, изнесува 14 041 082 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2023 година, изнесува 73.2 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во јануари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 621 120 илјади евра и бележи пораст од 13.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 848 978 илјади евра, што е за 5.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2023 година, изнесува 227 858 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 671 099 илјади САД долари и бележи пораст од 8.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 916 773 илјади САД долари, што е за 0.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2023 година, изнесува 245 674 илјади САД долари.