Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2023 година

петок, 07 април 2023


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува   82 638 328 илјади денари и бележи пораст од 10.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 108 765 948 илјади денари, што е за 1.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 26 127 621 илјада денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − февруари 2023, изнесува 76.0 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − февруари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 1 339 941 илјада евра и бележи пораст од 10.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 763 707 илјади евра, што е за 1.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 423 766 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари −  февруари 2023 година, изнесува 1 441 998 илјади САД долари и бележи пораст од 4.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 898 200 илјади САД долари, што е за 6.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува  456 203 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика