Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари 2024 година

четврток, 07 март 2024


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 33 935.0 милиони денари и бележи пад од 11.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2024 година, изнесува 49 309.9 милиони денари, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 15 374.9 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во јануари 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

 Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 550.6 милиони евра и бележи пад од 11.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 800.2 милиони евра, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 249.6 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 600.5 милиони САД долари и бележи пад од 10.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 873.0 милиони САД долари, што е за 4.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 272.5 милиони САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика