Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2015 година, изнесува 206 127 946 илјади денари,
изразена во долари 3 727 580 илјади САД долари, односно 3 345 588 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2015 година,
изнесува 290 579 578 илјади денари, изразена во долари 5 253 133 илјади долари, односно 4 716 335 илјади
евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2015 година, изнесува 84 451 632 илјади денари, изразен
во долари 1 525 553 илјади САД долари, односно 1 370 746 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-октомври 2015 е 71.0% .
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни
легури, необработени или во облик на прав.