Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-декември 2015

петок, 05 февруари 2016


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 249 613 508 илјади денари,
изразена во долари 4 489 934 илјади САД долари, односно 4 051 230 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-декември 2015 година,
изнесува 355 947 711 илјади денари, изразена во долари 6 399 867 илјади долари, односно 5 776 935 илјади
евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 106 334 203 илјади денари, изразен
во долари 1 909 933 илјади САД долари, односно 1 725 705 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2015, изнесува 70.2%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени
од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и
нивните легури, необработени или во облик на прав.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика