Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 60 649 158 илјади денари и бележи пораст од 5.9% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-март 2016 година,
изнесува 83 654 958 илјади денари што е за 3.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 23 005 800 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2016, изнесува 72.5% .
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-март 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Обем на размената, I-III 2016 |
Покриеност на увозот со извоз |
144 304 116 илјади денари |
72.5 % |
2 339 348 илјади евра |
72.5 % |
2 583 799 илјади САД долари |
72.5 % |
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2016
година, изнесува 983 165 илјади евра, и бележи пораст од 5.7% во однос на истиот период од претходната година, а
вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 356 183 илјади евра, што е за 3.7% повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 373 018
илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува
1 086 103 илјади САД долари, и бележи пораст од 4.3% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 497 696 илјади САД долари, што е за 2.2% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2016 година, изнесува 411 593 илјади САД
долари.