Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 149 914 654 илјади денари и бележи
пораст од 5.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари-јули 2016 година, изнесува 211 186 281 илјади денари што е за 4.0% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2016 година, изнесува 61 271 627 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2016, изнесува 71.0%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната
енергија.
Во периодот јануари-јули 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Обем на размената, I-VII 2016
|
Покриеност на увозот со извоз
|
361 100 935 илјади денари
|
71.0 %
|
5 855 491 илјади евра
|
71.0 %
|
6 531 641 илјади САД долари
|
70.9 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
јули 2016 година, изнесува 2 431 014 илјади евра, и бележи пораст од 5.1% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 424 477 илјади евра, што е за
3.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
јули 2016 година, изнесува 993 463 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2016 година,
изнесува 2 710 526 илјади САД долари, и бележи пораст од 5.6% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 821 115 илјади САД долари, што е за 4.4%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули
2016 година, изнесува 1 110 590 илјади САД долари.