Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - октомври 2016

понеделник, 05 декември 2016


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 219 292 570 илјади денари и бележи пораст од 5.8% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-октомври 2016 година,
изнесува 307 166 245 илјади денари, што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 87 873 675 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-октомври 2016, изнесува 71.4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-октомври 2016 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

Обем на размената, 01-10 2016 Покриеност на увозот со извоз
526 458 816 илјади денари 71.4 %
8 544 263 илјади евра 71.4 %
9 528 769 илјади САД долари 71.3 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
октомври 2016 година, изнесува 3 559 094 илјади евра и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 985 169 илјади евра, што е за
5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
октомври 2016 година, изнесува 1 426 074 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година,
изнесува 3 967 142 илјади САД долари и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 561 627 илјади САД долари, што е за
5.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
октомври 2016 година, изнесува 1 594 485 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика