Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 266 650 320 илјади денари и
бележи пораст од 6.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во
периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 376 130 328 илјади денари што е за 5.7% повеќе во споредба
со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 109 480 008 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2016, изнесува 70.9%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната
енергија.
Во периодот јануари-декември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,
Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Обем на размената, I-XII 2016
|
Покриеност на увозот со извоз
|
642 780 648 илјади денари |
70.9% |
10 435 994 илјади евра |
70.9% |
11 544 649 илјади САД долари |
70.8% |
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
декември 2016 година, изнесува 4 329 267 илјади евра, и бележи пораст од 6.9% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 106 727 илјади евра што е за
5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
декември 2016 година, изнесува 1 777 461 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година,
изнесува 4 787 199 илјади САД долари и бележи пораст од 6.6% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 757 450 илјади САД долари што е за
5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
декември 2016 година, изнесува 1 970 251 илјади САД долари.