Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - април 2017 година

понеделник, 05 јуни 2017


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 93 959 795 илјади денари и бележи пораст од 12.7% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2017 година,
изнесува 129 302 397 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 35 342 602 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2017, изнесува 72.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-април 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Обем на размената, 01-04 2017 Покриеност на увозот со извоз
 223 262 193 илјади денари 72.7%
3 625 914 илјади евра 72.7%
3 870 457 илјади САД долари 72.7%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
април 2017 година, изнесува 1 525 839 илјади евра, и бележи пораст од 12.9% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 100 074 илјади евра што
е за 11.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-април 2017 година, изнесува 574 235 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2017 година,
изнесува 1 629 803 илјади САД долари и бележи пораст од 8,4% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 240 654 илјади САД долари што е за
6,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
април 2017 година, изнесува 610 850 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика