Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-јули 2017 година, изнесува 171 341 753 илјади денари и бележи пораст од 13.7% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јули 2017 година,
изнесува 233 025 976 илјади денари, што е за 10.1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2017 година, изнесува 61 684 224 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2017, изнесува 73.5% .
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јули 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Обем на размената, I - VII 2017
|
Обем на размената, I - VII 2017
|
404 367 729 илјади денари
|
73.5%
|
6 563 874 илјади евра
|
73.5%
|
7 179 218 илјади САД долари
|
73.7%
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
јули 2017 година, изнесува 2 781 134 илјади евра и бележи пораст од 13.8 % во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувa 3 782 740 илјади евра, што
е за 10.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-јули 2017 година, изнесува 1 001 606 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2017 година,
изнесува 3 045 862 илјади САД долари и бележи пораст од 11.8% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 133 355 илјади САД долари, што е за
8.0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
јули 2017 година, изнесува 1 087 493 илјади САД долари.