Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - април 2018

понеделник, 04 јуни 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-април 2018 година, изнесува 109 008 586 илјади денари и бележи пораст од 14.3 % во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2018 година,
изнесува 147 867 914 илјади денари што е за 11.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2018 година, изнесува 38 859 328 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018, изнесува 73.7 %.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од
платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 
Во периодот јануари-април 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Обем на размената, I-IV 2018

Покриеност на увозот со извоз

256 876 500 илјади денари

73.7 %

4 173 728 илјади евра

73.7 %

5 131 456 илјади САД долари

73.7 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април
2018 година, изнесува 1 771 121 илјади евра, и бележи пораст од 14.3 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 402 608 илјади евра што е за 11.8 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2018 година,
изнесува 631 487 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2018 година, изнесува
2 176 646 илјади САД долари и бележи пораст од 31.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 954 810 илјади САД долари што е за 28.8 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2018 година, изнесува 778 163
илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 741

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика