Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 199 820 172 илјади денари и бележи пораст од 14.4 % во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2018 година,
изнесува 265 389 025 илјади денари, што е за 11.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 65 568 854 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 75.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го
и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се
најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани
или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари –јули 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
Обем на размената, I-VII 2018
|
Покриеност на увозот со извоз
|
465 209 197 илјади денари
|
75.3 %
|
7 561 390 илјади евра
|
75.3 %
|
9 102 394 илјади САД долари
|
75.2 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јули 2018
година, изнесува 3 247 792 илјади евра и бележи пораст од 14.5 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 313 598 илјади евра, што е за 11.9 % повеќе во споредба
со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува
1 065 806 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува
3 906 666 илјади САД долари и бележи пораст од 25.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 195 729 илјади САД долари, што е за 23.3 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 1 289 063
илјади САД долари.