Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 227 623 250 илјади денари и бележи пораст од 14.7 % во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-август 2018 година,
изнесува 302 182 122 илјади денари што е за 11.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 74 558 872 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2018, изнесува 75.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи
го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот
најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата
добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик,
неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик
на прав.
Во периодот јануари-август 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
Обем на размената, 01-08 2018
|
Покриеност на увозот со извоз
|
529 805 372 илјади денари
|
75.3 %
|
8 611 867 илјади евра
|
75.3 %
|
10 314 611 илјади САД долари
|
75.2 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2018
година, изнесува 3 699 926 илјади евра, и бележи пораст од 14.9 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 911 941 илјади евра што е за 11.8 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1 212 015
илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува
4 428 642 илјади САД долари и бележи пораст од 24.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 885 969 илјади САД долари што е за 21.4 % повеќе во споредба
со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува
1.457.327 илјади САД долари.