Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Стоковна размена со странство, јануари - септември 2018
понеделник, 05 ноември 2018
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 260 222 843 илјади денари и бележи пораст од 14.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануарисептември 2018 година, изнесува 339 474 790 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 79 251 947 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2018, изнесува 76.7%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во периодот јануари-септември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија, и Бугарија.
Обем на размената, 01-09 2018 |
Покриеност на увозот со извоз |
599 697 633 илјади денари |
76.7 % |
9 748 429 илјади евра |
76.7 % |
11 640 243 илјади САД долари |
76.5 % |
Стоковна размена изразена во евра и САД долари Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 4 230 048 илјади евра, и бележи пораст од 14.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 518 381 илјади евра што е за 11.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 1 288 332 илјади евра. Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 5 046 877 илјади САД долари и бележи пораст од 22.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 593 366 илјади САД долари што е за 19.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2018 година, изнесува 1 546 489 илјади САД долари.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
е-пошта:
|