Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 330 754 393 илјади денари и бележи пораст од 16.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 431 232 726 илјади денари, што е за 12.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 100 478 333 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 76.7 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во периодот јануари – ноември 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
Обем на размената, I-XI 2018
|
Покриеност на увозот со извоз
|
761 987 119 илјади денари
|
76.7 %
|
12 387 573 илјади евра
|
76.7 %
|
14 656 584 илјади САД долари
|
76.6 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 5 377 026 илјади евра и бележи пораст од 16.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 010 547 илјади евра, што е за 13.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 1 633 522 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 6 357 186 илјади САД долари и бележи пораст од 22.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 299 399 илјади САД долари, што е за 18.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 1 942 213 илјади САД долари.