Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2019 година

среда, 08 јануари 2020


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 364 084 193 илјади денари и бележи пораст од 10.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 471 749 075 илјади денари, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 107 664 882 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 77.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – ноември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 5 919 619 илјади евра и бележи пораст од 10.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 670 226 илјади евра, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1 750 608 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 6 627 763 илјади САД долари и бележи пораст од 4.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 589 760 илјади САД долари, што е за 3.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1 961 997 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика