Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – декември 2019 година

среда, 05 февруари 2020


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 395 093 849 илјади денари и бележи пораст од  9.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 520 529 015 илјади денари, што е за 10.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 125 435 166 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 75.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – декември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 6 423 703 илјади евра и бележи пораст од   9.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 463 171 илјада евра, што е за 10.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 2 039 468 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 7 187 566 илјади САД долари и бележи пораст од 4.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 470 289 илјади САД долари, што е за 4.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 2 282 723 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика