Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2020 година, изнесува 60 165 222 илјади денари и бележи пораст од 3.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануарифевруари 2020 година, изнесува 80 728 865 илјади денари што е за 5.0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2020 година, изнесува 20 563 643 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-февруари 2020, изнесува 74.5%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-февруари 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануарифевруари 2020 година, изнесува 977 068 илјади евра, и бележи пораст од 3.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 311 035 илјади евра што е за 4.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2020 година, изнесува 333 968 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари-февруари 2020 година, изнесува 1 074 461 илјади САД долари и бележи пад од 0.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 441 472 илјади САД долари што е за 1.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари-февруари 2020 година, изнесува 367 011 илјади САД долари.