Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот
на стоки од Република Македонија во периодот јануари-ноември 2011 година изнесува 4 073 620
илјади САД долари, а на увозот 6 390 062 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е
63.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2011 година, изнесува 2 316 442 илјади
САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите
на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо
и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за
превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-ноември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-
членки на ЕУ 27 (60.7%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо
учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.5%) и земјите во развој(26.6%). Според вкупниот обем
на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија,
Грција, Бугарија и Италија (44.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет
земји).