Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари - декември 2010

петок, 20 април 2012


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во периодот јануари-декември 2010 година изнесува 3 351 429 илјади САД долари, а
на увозот 5 474 485 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 61.2 %. Трговскиот дефицит,
во периодот јануари-декември 2010 година, изнесува 2 123 056 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо
и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-декември 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ
27 (61.8%) и земјите од Западен Балкан (30.4%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на
ЕУ 27 (53.2%) и земјите во развој (27.6%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Русија (44.0% од вкупната надворешно-
трговска размена се врши со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика