Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2012 година

петок, 14 јуни 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2012 година изнесува 555 760 тони. Споредено со 2011 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2012 година бележи зголемување од 1.02%.


Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 144 593 тони или 26,0% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 441 223 тони или 79% се собрани од домаќинствата, а останатите 21% од правни и физички лица (комерцијален отпад).


Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2012 година изнесува 786 909 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2012 година изнесува 382 кг по жител, што е за 7.0% повеќе во споредба со 2011 година.


Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се отстранува на депонија и не се спроведуваат други операции за постапување со комуналниот отпад.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov 
  




© Државен завод за статистика