Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Комунален отпад, 2020 година
четврток, 22 април 2021
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 630 086 тони. Споредено со 2019 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2020 година бележи намалување од 0.4 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 170 660 тони или 27.1 % од вкупното собрано количество во Република Северна Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 522 954 тони или 83 % се собрани од домаќинствата, а останатите 17 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 525 745 тони или 83.4 %, а најмало количество отпадот од гума – 1 005 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 913.033 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2020 година изнесува 452 кг по жител, што е за 1.0 % помалку од истото количество во 2019 година.
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 %) се исфрла на депонија.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика