Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2013 година

вторник, 03 јуни 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во
Република Македонија, во 2013 година, изнесува 554 938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество
на собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0.1 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 147 220 тони или 26,5% од
вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад,
439 571 тони или 79% се собрани од домаќинствата, а останатите 21% од правни и физички лица (комерцијален
отпад).
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија, во 2013 година, изнесува 792
785 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител, во 2013 година, изнесува 384 кг по
жител, што е за 0.6 % повеќе од истото количество во 2012 година.
Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се отстранува на депонија и не се спроведуваат
други операции за постапување со комуналниот отпад.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика