Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Годишното количество на создаден комунален отпад во 2009 година изнесува 354 кг по жител

петок, 02 јули 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2009 година изнесува 552 230 тони. Споредено со 2008 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2009 година бележи пораст од 4%.

Најголемо количество на собран комунален отпад е регистрирано во Скопскиот регион - 144 529 тони или 26% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 455 480 тони или 82% се собрани од домаќинствата, а останатите 18% од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2009 година изнесува 725 976 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2009 година изнесува 354 кг по жител што е за 1,4% повеќе од истото количество во 2008 година.

Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се одлага на депонија.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk  violeta.panovska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика