Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2014 година

среда, 06 мај 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во
Република Македонија во 2014 година изнесува 569 794 тони. Споредено со 2013 година, вкупното количество
на собран комунален отпад во 2014 година бележи зголемување од 2.7 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 153 433 тони или 26,9% од
вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад,
479 787 тони или 84% се собрани од домаќинствата, а останатите 16% од правни и физички лица (комерцијален
отпад).
Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 487 711 тони
или 86%, а најмало количество отпад од гума, 336 тони или 0.06% од вкупното количество собран комунален
отпад.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2014 година изнесува 765 156
тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2014 година изнесува 370 кг по жител,
што е за 3.6 % помалку од истото количество во 2013 година.
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.4%) се отстранува на депонија.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика