Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2015

среда, 20 април 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во
Република Македонија во 2015 година изнесува 620 328 тони. Споредено со 2014 година, вкупното количество
на собран комунален отпад во 2015 година бележи зголемување од 8.9 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 151 592 тони или 24.4%
од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад,
499 658 тони или 81% се собрани од домаќинствата, а останатите 19% од правни и физички лица (комерцијален
отпад).
Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, 533 721 тони
или 86%, а најмало количество e отпад од гума, 1 395 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален
отпад.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2015 година изнесува 786 182
тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2015 година изнесува 380 кг по жител,
што е за 2.7 % повеќе од 2014 година.
Најголемо количество на собран комунален отпад (99.4%) се отстранува на депонија.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика