Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2010 година

среда, 13 јули 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2010 година изнесува 545 763 тони. Споредено со 2009 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2010 година бележи намалување од 1,17%.
 
Најголемо количество на собран комунален отпад се забележува во Скопскиот регион - 140 262 тони, или 25,7% од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 424 893 тони или 78% се собрани од домаќинствата, а останатите 22% од правни и физички лица (комерцијален отпад).
 
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2010 година изнесува 721 507 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2010 година изнесува 351 кг по жител, што е за 0,85% помалку од истото количество во 2009 година.
 
Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се одлага на депонија, не се спроведуваат други операции за третман на комуналниот отпад.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика