Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2011 година

четврток, 14 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во
Република Македонија во 2011 година изнесува 543 954 тони. Споредено со 2010 година, вкупното количество
на собран комунален отпад во 2011 година бележи намалување од 0.33 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион - 147 804 тони или
27,2 % од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален
отпад, 451 382 тони или 83 % се собрани од домаќинствата, а останатите 17 % од правни и физички лица
(комерцијален отпад).
Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2011 година изнесува 735 250
тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2011 година изнесува 357 кг по жител,
што е за 1.7 % повеќе од истото количество во 2010 година.
Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се отстранува на депонија и не се спроведуваат
други операции за постапување со комуналниот отпад.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика