Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни субјекти
Демографија на претпријатија
вторник, 27 мај 2014
Новосоздадени претпријатија, 2012 година Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, бројот на новосоздадени претпријатија во Република Македонија изнесува 8329, од кои најголем број на новосоздадени претпријатија (2198) според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ” (секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20 се исклучени).
Згаснати претпријатија, 2010 година Во поглед на згаснатите претпријатија, податоците покажуваат дека во 2010 година, бројот на згаснати претпријатија во Република Македонија изнесува 9794, од кои најголем број на згаснати претпријатија (2985) според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ” (секторите A/А, O/Љ, T/П и U/Р и класата 64.20 се исклучени). Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.
Новосоздадени претпријатија во 2011 кои преживеале во 2012 година Од вкупниот број на новосоздадени претпријатија во 2011 година, 64.3% преживеале во 2012 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија, чијашто главна дејност според Националната класификација на дејности-НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност Q/H “Дејности на здравствена и социјална заштита” (92.0%) и K/И“ Финансиски дејности и дејности на осигурување – без класа 64.20” (83.3%).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 759
е-пошта:
marika.dancevska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика